Меркур е ретрограден од 10 мај: Успорете го темпото за да добиете одговори

хороскоп вага меркур
ФОТО: Pixabay

Првото ретроградното движење на Меркур во знакот Близнаци, ќе започне на 10 мај и ќе трае до 3 јуни. Доколку минатата година ви се случило нешто значајно, сигурно е дека некои слични искуства би можеле да се повторат во наредниот период.

Ретроградното движење на Меркур често ја забавува или ја отежнува комуникацијата и исполнувањето на договорите и плановите. Затоа е потребно да бидете трпеливи и да не ги изгубите нервите поради нешто што моментално има свој тек на настаните што можеби не е во согласност со нашите очекувања.

Многу често сме фиксирани на некоја идеја или план како таа треба да се реализира, но ретко се прашуваме дали тоа што го мислиме и сакаме е навистина најдобро за нас.

Овојпат, Меркур ќе си игра со нашиот ум. Доаѓаме до информации кои можат да нè збунат на начин што не знаеме точно што да кажеме или направиме. Се чини дека комуникацијата со другите се одвива под превезот на магла. Доколку се најдете во ваква ситуација, обидете се да не паднете во замките на вашиот ум кој ќе биде склон да раскажува различни сценарија. Вистината ќе биде откриена, но потребно е време. Нештата нема да бидат јасни додека Меркур е во обратна насока.

Еве кој е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во мај

По 3 јуни и повторно од 24 јуни, ќе добиете информации кои ќе бидат релевантни за искуствата стекнати при ретроградното движење на Меркур. Без разлика дали има нерешени или нејасни прашања од минатото, ова е одлично време да го разчистите тоа. Како да доаѓаат информации и увиди од под површината што ќе ви дадат целосна слика со текот на времето.

Ретроградниот Меркур може да донесе недоразбирања во комуникацијата, потешкотии во сообраќајот, дефекти на мобилните телефони и возилата, како и да внесе одреден неред во темите поврзани со учењето, социјалните мрежи, образованието, односите со роднините. Нешто се расипува, губиме нешто и потоа го наоѓаме, нешто поправаме. Се враќаме назад, размислуваме за неодамнешните искуства, среќаваме луѓе што не сме ги виделе долго време.

Меркур почнува се движи ретроградно истиот ден кога Јупитер влегува во знакот Овен. И додека Јупитер нè насочува кон нова цел, Меркур ни помага да се средиме, да се ослободиме од она што било и да сфатиме што сакаме, за подобро да ги искористиме новите можности.

Кој знак во зодијакот е вашиот непријател?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот