Мерко: Струга нема дивоградби што го загрозуваат статусот на УНЕСКО

Струга/ Фото: МИА

Во заштитената зона во Струга нема ниту една дивоградба, тврди градоначалникот Рамиз Мерко.

Според него, регистрирани дивоградби има во внатрешноста на градот и руралните средини за кои треба да изработат регистaр за точна бројка.

– Направен е список на дивоградби. Тие се во внатрешноста или во руралните средини, но УНЕСКО или никој друг не кажуваат дека тие попречуваат некој процес и оти треба да се рушат – вели Мерко.

Според него, во општина Струга имало над пет илјади пријави за легализација на дивоградби опфатени со Законот за легализација донесен во 2011 година, но оти се работи за скали, тераси и слично.

Барањата, додаде, се разгледуваат и тие што ги исполнуваат критериумите ќе бидат легализирани, а за останатите ќе се бара начин за справување со проблемот.

Мерко нагласи дека Охрид е град на УНЕСКО и оти треба сам да се заштити, а Струга може да му да даде свој допринос во однос на тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот