Мерко се откажа од ингеренциите врз Општина Струга, ја повика Владата таа да управува со градот

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска преку писмо соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да почне да раководи со градот Струга. Причината за тоа, како што наведува Мерко, се вербалните закани по живот кои ги добил неодамна, објави Журнал.

Во писмото Мерко го информира премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Во писмото, меѓудругото, пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.

Од МВР во изјава за „Слободен печат“ потврдија дека до СВР-Струга имало пријави од Мерко и од вработени во Општината за закани по живот и дека е постапено по случаите. Според МВР, заканувачот бил откриен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот