Мерко: Се надевам дека вечер може да славиме победа во прв круг

Рамиз Мерко/ Фото: Влада на Република Северна Македонија

Граѓаните знааат да проценат за кого да го дадат свој глас. Нека победи подобриот, рече кандидатот за градоначалник на ДУИ за Општина Струга, Рамиз Мерко.

По остварување на своето гласачко право, тој посочи дека секој, кој влегува во кампања, влегува за победа и се надева дека вечерва ќе слават победа во прв круг.

– Најбитно е што и кампањата и денеска изборниот процес тече мирно. Најбитно е да се задржи мирот и сигурноста во градот и пошироко, да се зачуваат меѓуетничките односи на највисоко ниво. Секој, кој влегува во кампања, влегува за победа и јас се надевам дека вечер може да славиме победа во прв круг, изјави Мерко.

Извор: МИА