Мерко избран за лидер: По Струга ќе го развива и регионот

Рамиз Мерко/ Фото: Влада на Република Северна Македонија

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е избран за претседател на новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион на првата конститутивна седница.

-Очекувам континуитет во регионалниот развој, и поголема поддршка во реализацијата на проекти што ќе придонесат за намалувањето на диспаритетите меѓу регионите во државата, како и во нивните рамки, рече тој.

Од околу 126 милиони денари, средства што се планирани да се реализираат во следната година преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се очекува околу 115 милиони да бидат пласирани во деветте општини, со цел да се подобрат условите за живот.

Поголемиот дел од средствата се обезбедени националниот буџет, преку Бирото за регионален развој и другите линиски министерства, а останатите се од донаторската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот