Мерките за заштита од загаденост во Тетово престануваат да важат

Фото: архива на СП

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од Владата.

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК), средно-дневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен во последните два дена во Тетово.

Со тоа престануваат да важат мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички за овој град, соопштија од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот