Мерките за изолација и забрана за движење: Дар за животинскиот свет и дел од научниците (ВИДЕО)

Како што се шири пандемијата на коронавирусот низ светот, многу држави ги затвораат своите фабрики и градовите, а експертите се повеќе воочуваат нови настани во природата, кои претходно не биле видливи.

Светот последните неколку недели мирува. Изненадно станаа тивки автопатите кои до пред неодамна беа полни со колони на возила. Полетуваат помалку авиони, на морињата ретко има бродови, а нема веќе ниту школски екскурзии и автобуси. Иако оваа новонастаната тишина за повеќето од луѓето е морничава бидејќи ја покажува заканата на пандемијата, има некои кои таа ги воодушевува.

Многу научници ја искористија оваа пауза во глобалниот сообраќај за да почнат досега невозможни истражувања. На пример, сеизмолозите сега можат да ги откријат немирите под земјината површина кои претходно беа скриени од градските звуци, пишува Трихагер.

Пеењето на китовите

Од карантинот профитираа и морските цицачи. Познато е дека китовите ги вознемируваат гласните бродови, при што тие го запираат своето пеење, односно комуникација, додека тие не пројдат.

Така магазинот Атлантик објави студија во која се опишува како биолозите неколку дена по 11 септември откриле дека нивото на стрес кај северноатлантските китови во канадскиот залив Фунди е значително намалено откако е запрен сообраќајот.

„Некогаш мислев дека во Вухан баш и нема птици“

Пеењето на птиците исто така стана позабележливо во урбаните средини.

„Некогаш си мислев дека во Вухан баш и нема птици бидејќи никогаш не ги слушав, а и ретко ги гледав. Но сега сфатив дека нивното пеење било пригушено од луѓе, гужви и сообраќај. Цел ден ги слушам птииците како пеат“, рекла Американката Ребека Франкс која живее во Вухан во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот