Мерки во Хонк Конг: Децата во карантин ги врзуваат за кревет, бебињата ги одвојуваат од мајките

Здравствените власти во Хонг Конг применуваат врзување за кревет за деца и одделување од мајката за бебиња кои се во карантин. А, тоа привлекува сè повеќе критики поради психолошките последици од ваквите драстични мерки против коронавирусот.

Иако е еден од најгусто населените градови во светот, поранешната британска колонија генерално успеа да воспостави контрола над пандемијата. Досега во Хонг Конг се регистрирани 11.000 заразени со вирусот и 200 смртни случаи, а тоа е постигнато со некои од најдрастичните мерки во светот.

Имено, секој што има позитивен тест за коронавирус, веднаш оди во карантин – во болница, без разлика дали има симптоми или не. А, оние кои се сметаат за „близок контакт” се испраќаат на две недели во карантин-кампови под контрола на властите. Патниците пак, откако ќе влезат на територијата на Хонг Конг, мора да одат во тринеделна изолација во специјално назначени хотели – на свој трошок.

На социјалните мрежи има сè повеќе критики за практиката на одделување на децата од нивните родители во одделите за карантин. Така што, мајките не можат да ги дојат бебиња, а децата да бидат врзани за кревет, за да не стануваат.

Властите на Хонг Конг деновиве постојано се обидуваат да ја оправдаат оваа своја политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот