Меркел: За ублажување на мерките е многу рано

фото: EPA/Francios Lenoir

Таа нагласи дека германската Влада би била лоша доколку сега размислува за датум, „бидејќи и понатаму се живее во пандемија”, потсетувајќи дека мерките се воведени до 19 април и тоа нема да се менува.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу рано за ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, додавајќи дека нејзината Влада би била лоша доколку сега го одреди датумот кога тие ќе бидат намалени.

На прашањето кога Германија ќе почне да ги ублажува мерките, со оглед дека Австрија денеска го најави својот план, Меркел на прес-конференција одговори дека Австрија во текот на целата криза била малку пред Германија.

Таа нагласи дека германската Влада би била лоша доколку сега размислува за датум, „бидејќи и понатаму се живее во пандемија”, потсетувајќи дека мерките се воведени до 19 април и тоа нема да се менува.

Германската канцеларка објасни дека за да се усвои одлука за ублажување на мерките е потребно да се исполнат повеќе критериуми, меѓу кои е стапката на репродукција на вирусот, како и „времето за двојно зголемување на бројот на заразени”.

– Направивме еден чекор напред во кризата, а за ублажување на мерките е многу рано, изјави Меркел, додавајќи дека Германија секако ќе се врати на „нормалниот живот”, штом тоа го дозволи здравствената ситуација.

Таа додаде дека во тек се разговори со експерти во врска со евентуално воведување на обврзно носење заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот