Меркел за тензиите меѓу Турција и Грција во Егејот: Мала е разликата меѓу конфликт и мирно решение

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска укажа дека долгогодишните тензии меѓу Турција и Грција може да ги доведат двете земји до раб на конфликт и тоа на само два месеца по нејзините лични заложби во спречувањето на воената конфронтација во Егејско море.

– Во некои ситуации е многу тешко да се замисли колку мала е разликата меѓу воен конфликт и мирно решение, рече Меркел на седницата на Долниот дом на германскиот Парламент пред утрешниот состанок на Европскиот совет, јави „Дојче веле“.

Тензиите меѓу Анкара и Грција и грчко-кипарската страна, според Меркел, се многу високи. Меркел, исто така, кажа дека Турција покажува извонредни напори во сместувањето на бегалците, критикувајќи ја Грција за неодамнешните настани во логорот „Морија“ на островот Лезбос.

Прочитајте и...  УХМР: Во петок и сабота зголемена облачност со услови за локален дожд

– Треба внимателно да ги избалансираме нашите односи и да се фокусираме на соработката, рече германската канцеларка, опишувајќи ги односите со Турција како повеќедимензионални.

Поврзани вести

ВИДЕО: Ова е младата пратеничка на која Дачиќ и отстапи микрофонот за пеење

Илинка Иљоска

Италија пријави најмногу заболени во еден ден, речиси 25.000

Слободен печат

Со позитивен корона тест, но лесни симптоми и Марјан Забрчанец

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени

Илинка Иљоска

Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Илинка Иљоска

Детално за мерките и казните – маските се задолжителни секаде, без нив – 20 евра

Слободен печат

Остави Коментар