Меркел во петок ќе ја посети кралицата Елизабета

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети кралицата Елизабета во замокот Виндзор за време на нејзиниот престој во Велика Британија оваа недела, соопшти денеска Бакингемската палата.

Канцеларката ќе се сретне со кралицата Елизабета во петок, кога ќе има средба и со британскиот премиер Борис Џонсон во неговата резиденција.

Предвидено е Меркел да го посети и американскиот претседател Џо Бајден на 15 јули. 

Видео на денот