Меркел вети дека ќе ја продолжи поддршката од ЕУ за Турција

epa09526810 A handout photo made available by Turkish President Press Office shows, Turkish President Recep Tayyip Erdogan (L) and German Chancellor Angela Merkel (R) during their meeting at the Huber mansion in Istanbul, Turkey, 16 October 2021. The German Chancellor is currently on a farewell tour of various countries. EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска во Истанбул вети дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Турција, која има згрижено четири милиони бегалци.

Меркел по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека односите со Анкара ќе бидат од посебно значење за идната германска влада.

Ние секогаш имаме заеднички интереси и така ќе ги гледа следната германска влада, истакна рече Меркел.

Ердоган наведе дека се надева дека успешната соработка со Меркел ќе биде продолжена на ист начин и со новата германска влада.

Тој се заблагодари за „позитивниот придонес” во процесот на европска интеграција на Турција и за поддршката на тримилионската турска заедница во Германија.

Двајцата лидери разговараа за односите на Турција со Германија и ЕУ, како и за Сирија, Либија и источен Медитеран, каде Анкара и ЕУ имаат различни интереси

Односите со Турција беа едно од најтешките области за Меркел за време на нејзиниот 16-годишен мандат како канцелар, особено кога Ердоган ги интензивираше нападите врз европските лидери, додека во неговата земја воспоставуваше се поавторитарен режим.

Ердоган повеќе од две години беше на власт кога Меркел во 2005 година стана канцеларка. Тие со текот на годините воспоставија однос заснован на прагматизам, кој беше обележан со неколку кризи.

извор МИА

Видео на денот