Меркел уживаше во разговорот со Заев и Рама, не престана да се смее (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

По сликата каде што премиерите од регионот денеска се појавија како пијат кафе и разговараат заедно, пристигна уште еден интересен момент од Самитот на земјите од Западен Балкан кој се одржува во полскиот град Познањ.

Овој пат на Фејсбук објави едно видео премиерот на Албанија, Еди Рама. Во видеото се гледа како разговараат нашиот премиер Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, а во разговорот им се приклучува и Рама. По се изгледа дека Меркел уживаше во овој разговор, бидејќи како што се гледа во видеото таа не престана да се смее во ниту еден миг.

Рама на Фејсбук статусот напишал : “My CAMERA: Познањ, Полска- Самитот на Западен Балкан, во рамките на берлинскиот процес”.

https://www.facebook.com/watch/?v=2303066783275597

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот