Меркел упати јасна порака до Германците за пандемијата

Ангела Меркел со заштитна маска
Ангела Меркел со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Епидемиолошката состојба во Германија сè уште е многу сериозна, иако бројот на новозаразени со коронавирусот не расте премногу брзо, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, откако на вчерашната средба со лидерите на сојузните држави одлуката за воведување нови мерки беше одложена за 25 ноември.

– Бројот на новозаразени повеќе не расте експоненцијално, но сепак е голем. Затоа мора да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, рече Меркел на економски настан организиран од „Зидојче цајтунг”.

Таа повтори дека 30 до 40 проценти од населението припаѓа на ранливи групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот