Меркел со порака до Џонсон: Не се повлекувајте, неопходен е договор, но и компромиси

Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика британскиот премиер Борис Џонсон да ги продолжи преговорите за односите со Европската Унија (ЕУ) по Брегзит. Таа потенцира дека е неопходен компромис, пишува „Гардијан”.

Барањето на Меркел доаѓа во момент кога се чека изјава од Џонсон за тоа дали британската страна ќе се повлече од преговорите. Меркел се обиде да ги смири страстите и истакна дека двете страни мора да најдат заеднички јазик.

Во септември Џонсон се закани дека Лондон ќе се повлече од разговорите доколку до овој викенд не се постигне договор.

– На некои места работите се одвиваат добро, на други места треба уште многу да се сработи. Побаравме од Велика Британија да остане отворена за компромис за да може да се постигне договор. Тоа значи дека и ние, исто така, мора да правиме компромиси, забележа германската канцеларка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот