Меркел со благослов за наследникот Шолц: Ќе можам мирно да спијам

Германската канцеларка Ангела Меркел / EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германската канцеларка во змаинување Ангела Меркел ја благослови следната германска коалициска влада, изјавувајќи дека очекува „мирно да спие” со социјалдемократот Олаф Шолц како нејзин заменик.

Меркел се повлекува од политиката по 16 години минати на власт како канцеларка, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ замина во опозиција откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна својот најлош изборен резултат во историјата. Нивните главни ривали, социјалдемократите од левиот центар, сега преговараат за коалиција со либералните Слободни демократи (ФДП) што го поддржуваат бизнисот, како и еколошките Зелени. Нивната цел е до почетокот на декември да го назначат министерот за финансии и вицеканцеларот Шолц за канцелар, соопштија вчера партиите.

На прашањето што мисли за тоа што социјалдемократ наскоро повторно ќе ја предводи земјата, Меркел рече: “Се разбира, ќе има политички разлики. Но, ќе можам мирно да спијам”, ја цитираат француските медиуми нејзината изјава.

Ветеранката, исто така, кажа дека под канцеларската палка на Шолц таа не очекува големи промени во фискалната политика на земјата, која е горда на буџетското штедење.

-Како чувар на финансиите на земјата од 2018 година, Шолц не остави впечаток на политиката на „олабавена чанта”, рече Меркел.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот