Меркел: Северна Македонија значително ја подобри својата позиција за приближување кон ЕУ

„Северна Македонија натамошно се ориентира кон ЕУ и НАТО. Земјата во изминативе години амбициозно го реформира својот безбедносен сектор и прави големи чекори напред на полето на владеењето на правото и демократијата. Владата се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, се наведува во проширеното соопштение од кабинетот на Меркел..

За разлика од првото соопштение од средбата кое беше насловено „Зацврстување на стабилноста на Балканот“, во новото е сменет и насловот, па сега се вели „Натамошна промоција на европската интеграција“.

Во проширеното соопштение од кабинетот на германската кацеларка издадено по средбата со нашиот премиер се апострофира дека по извесното членство во НАТО, ќе следи и приближување кон ЕУ.

„По согласноста на 29 членки на НАТО, Северна Македонија најдоцна во 2020 година ќе стане 30 членка на Алијансата. И во поглед на Европа, Северна Македонија значително ја подобри својата позиција за приближување кон ЕУ“, се вели во изјавата од Кабинетот на германската канцеларка.

Заев утрово во Берлин разговараше со Меркел за европските перспективи на земјата. По средбата, Заев за Дојче веле изјави дека е многу охрабрен од разговорите со Меркел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот