Меркел се предомисли, нема одлука за нови рестриктивни мерки

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот политички врв се согласи да се одложи до 25 ноември носењето на одлука за  дополнителни антиепидемиски мерки во земјата, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел.

Таа истакна дека поголемиот број на сојузни држави не биле согласни за заострување на мерките пред крај на следната недела.

– Јас можев да прифатам зголемување на рестриктивните мерки и денеска, но за таква одлука немаше потреба од мнозинство, истакна Меркел. 

По состанокот на федералната влада и сојузните држави на Германија, таа објавила дека одлуката за заострување на постојните мерки е одложена за 25 ноември и апелирала до граѓаните да ги намалат своите социјални активности и контакти на најнизок можен минимум, објави Ројтерс.

-Мерките што сега се на сила сè уште не го променија трендот на раст на бројот на заразени, но успеавме да ја скротиме динамиката на инфекција- вели Меркел, додавајќи дека формулата за успех е намалување на социјалната интеракција и контактите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот