Меркел се „отру“ во Њу Делхи (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Германската канцеларка Ангела Меркел доби, отровен пречек во Њу Делхи, како што процени АП, додека со премиерот на Индија, Нарендра Моди се движеше пред почесната гарда поставена во нејзина чест.

Моди и Меркел се прошетаа покрај почесната гарда пред претседателската палата, вдишувајќи којзнае колку отров од загадениот воздух во Њу Делхи, наведе агенцијата, истакнувајќи дека како и многу пати Меркел морала да седне за време на интонирањето на химната.

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Меркел и Моди денеска се договорија двете земји да ја подобрат соработката во борбата против климатските промени, кибер безбедноста, развојот на вештини, вештачката интелигенција, енергетската безбедност, цивилното воздухопловство и одбраната.

За време на средбата во Њу Делхи беа потпишани и неколку договори.

Моди рече дека Индија се обидува да оствари профит, додека Меркел за време на средбата рече дека нејзината земја би сакала да соработува со Индија на инфраструктурни проекти, водоснабдување и третирање на отпад.

Германија е најголем трговски партнер на Индија во Европа.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЊУ ДЕЛХИ: Училиштата затворени поради загаденост на воздухот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот