Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија да и` се даде европска перспектива

Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот.

-Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива- рече Меркел.

Во меѓувреме се изградени мостови кон  ЕУ-партнерите , кои сè уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Макеоднија и Албанија и инсистираат на  поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент, Бундестагот, даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Таа повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот