Меркел: Се будам често ноќе и размислувам за пандемијата

Ангела Меркел со заштитна маска
Ангела Меркел со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ситуацијата со пандемијата е многу тешка и дека мора темелно да размисли пред да донесе одлука во рамки на борбата против коронавирусот.

Таа истакнала дека знае дека голем број на луѓе стравуваат за своите примања за времен а пандемијата и дека долго време размислува и за тоа.

– Се будам често ноќе и размислувам. Ова е многу тешко време. Морам темелно да размислам пред да донесам одлука, нагласила Меркел.

Меркел е под притисок во изминатите неколку недели заради бавната вакцинација во Германија и ЕУ и односот на другите земји како Велика Британија, САД и Израел.

Таа предупредила дека, иако ситуацијата се подобрува, неопходно е да имаат доволно трпение за да не се расипе стореното. Меркел додала дека не знае уште колку ќе биде потребно да се одржуваат строги мерки на забрана.

Во Германија од почетокот на пандемијата се заразени повеќе од 2,2 милиони луѓе, а речиси 60.000 починаа.

Извор: Блиц.рс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот