Меркел сака да ги продолжи строгите антиепидемиски мерки до крајот на месецов

epa08989558 German Chancellor Angela Merkel and French President Emmanuel Macron (not pictured) who was tuning in from Paris via video link, speak to the media following talks, in Berlin, Germany, 05 February 2021. The two leaders discussed the COVID-19 vaccine situation in Europe and the recent expulsion of German, Swedish and Polish diplomats, among other issues. EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вонредните антиепидемиски мерки воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Германија треба да траат до крајот на февруари.

Според извори на ДПА, тој став таа им го пренела на пратениците на нејзината Христијанско-демократска унија.

Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за рестриктивните мерки, канцеларката нагласила дека основните училишта, градинките, фризерските салони и малопродажба треба да имаат приоритет при олеснувањето на мерките.

Извор:МИА

 

Видео на денот