Меркел ревакцинирана со Модерна

Вакцини на „Модерна“
Вакцини на „Модерна“ / Фото EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Германската канцеларка Ангела Меркел прими втора доза вакцина против Ковид-19 на компанијата Модерна.

Меркел (66) на 16 април ја прими првата доза на компанијата Астра Зенека, чија употреба беше прекината во Германија по појавата на тромбози кај вакцинираните лица во Европа.

Во Германија со Астра Зенека се вакцинираат лицата постари од 60 години, меѓу кои и претседателот Франк-Валтер Штајмајер.

Според податоците објавени денеска од институтот Роберт Кох 51,2 проценти од германското население или 42,5 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина, а 26,3 милиони или 31,6 отсто биле целосно вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот