Меркел првпат во посета на најголемиот нацистички логор Аушвиц

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Ангела Меркел ќе биде третиот германски канцелар што го посетил најголемиот нацистички логор Аушвиц. Нејзината посета на Аушвиц, кој се наоѓа на територијата на Полска, планирана е за време на одбележувањето на 75 години откако Советската армија ги ослободи затворениците.

Посетата на Меркел е во периодот на пораст на антисемитизмот во Полска и во Германија.

– Таквата посета е посебно важен сигнал за вниманието и солидарноста, во време кога преживеаните од Аушвиц се мета на антисемитски навреди и пораки со омраза, изјави Кристоф Хјубнер од Меѓународниот комитет за Аушвиц.

Предвидено е и Германија да донира 60 милиони евра за Фондацијата Аушвиц-Биркенау, која одбележува десет години од формирањето.

Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот. Исто така е предвидено германската канцеларка да положи цвеќе во соседниот логор Биркенау.

Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот