Меркел: Протерувањето на дипломатите е само уште еден чекор назад за Русија

Протерувањето на германскиот дипломат од Москва е само уште еден чекор назад од владеењето на правото, е оценката на германската канцеларка Ангела Меркел, која ја искритикува денешната одлука на руските власти да протера тројца ЕУ дипломати.

Таа на прес-конференција, по видео-средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, што им беше посветен на одбраната и безбедноста, изјави дека смета дека протерувањето е неоправдано, пренесуваат британските медиуми.

-Веста за протерувањето ја добивме за време на состанокот, рече Меркел.

Русија денеска соопшти дека протерала дипломати од Шведска, Германија и Полска заради нивното наводно учество во незаконските протести во Москва против апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот