10 C
Скопје

Меркел призна: Ситуацијата со коронавирусот ни излезе од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земја во борбата против коронавирусот власта дозволи да излезе од контрола.

Според весникот „Билд”, Меркел за неуспехот на владата во борбата против коорнавирусот отворено зборувала на видео конференцијата со шефовите на фракциите на ЦДУ ЦСУ и во Бундестагот и во покраинските собранија.

„Нам работата ни се измолкна од контрола”, весникот ја цитира канцеларката.

Таа посочи дека бројот на нови пациенти мора да се намали на 50 на 100.000 жители и констатира дека сега сите се среќни кога има под 200.

Меркел го призна и неуспехот на властите, велејќи дека здравствените служби немаат можност да ги следат контактите на пациентите.

За неа е особено важно да се отежнат или целосно забранат патувањата. „Сто пати прашав зошто не можеме да ги забраниме патувањата”, рече таа, додавајќи дека постојано добивала одговор дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патување во светот.

Прочитајте и...  Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Меркел сака патувањата да ги направи непривлечни и со непријатниот суров режим на влегување во земјата.

Што се однесува до „отклучувањето”, таа кажа дека во моментов не е можно да се зборува за тоа.

-Ќе мора поинаку да се отвораме отколку што беше одлучено – прво градинките и училиштата, а потоа продавниците и рестораните, објасни германската канцеларка.

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар