Меркел предупредува: Можеме брзо да го уништиме она што го постигнавме

Германската канцеларка вели дека сите треба останат фокусирани на ситуацијата затоа што е кревка.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите бројки за заразени со коронавирусот даваат надеж, но првенствено поради претстојниот Велигден предупреди дека тоа што е постигнато може брзо да се уништи.

– Кривата е малку израмнета. На почетокот на кризата бев многу загрижен и прашав дали треба мерките уште да се заострат. Затоа денеска сум посебно радосна од актуелниот развој. Сепак, не смееме да мислиме дека сме на безбедно, објасни Меркел и додаде дека не е потребно дополнително затегнување на мерките.

Таа вели дека сите треба останат фокусирани на ситуацијата затоа што е кревка.

– Не смееме да бидеме лековерни и да се сметаме за безбедни. Јас тоа го знам лично. Имате мала надеж, тогаш станувате убедени, потоа внатрешно порелаксирани и веќе сте малку невнимателни, рече таа.

Таа им се заблагодари на граѓаните што се придржуваат кон рестриктивните мерки и ги повика да продолжат така.

– Трендот е таков што го продолживме времето на удвојување на инфекцијата, но кога размислуваме како да се дојде до следната фаза, не знаеме како олабавување на мерките би се одразило на ситуацијата, рече таа.

Следната недела ќе биде недела на важни консултации за олабавување на мерките, објави Меркел на прес-конференција.

Додека не се појави вакцина, правилата остануваат во сила, како што е поздравување без ракување, рече таа.

Епидемијата, според неа, нема да исчезне додека нема вакцина.

– Со задоволство би била првата што ќе ви каже дека сега се е како што беше порано, но тоа не можа, рече Меркел.

На критиките од Италија, Меркел рече дека постои единство околу прашањето дека е потребна солидарност.

Германија е подготвена да помогне, и тоа ќе го направи, затоа што на Германија и е добро, само ако и на Европа добро, повтори Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот