Меркел пред посетата на Кина доби писмо од Хонгконг: Сети се на животот во источна Германија

фото: EPA/Francios Lenoir

Неколку дена воочи најавената посета на Ангела Меркел во Пекинг, угледни активисти од Хонгконг и испратиле писмо на германската канцеларка, повикувајќи ја на тоа своите односи со Пекинг да ги води сеќавајќи се на животот во дикаторската источна Германија.

Во отвореното писмо до Меркел, објавено денеска во германскиот таблоид „Билд“, активистите, меѓу кои е и еден од лидерите на продемократското движење Демосисто, Џошуа Вонг, истакнуваат дека Германија би требало да биде внимателна во своите односи со Кина.

Во Хонгконг траат повеќемесечни немири откако локалната влада ги најави обидите за олеснување на пренесувањето на осомничените лица во Кина, што е потег кој се доживува како вовед во приближувањето на тој плуларистички автономен регион кон остатокот на Кина.

„Канцеларке Меркел, пораснати сте во источна Германија. Од прва рака ги искусивте страшните работи на диктаторскиот режим. Сакаме да покажете храброст и решителност против авторитарните и неправедни режими кои ја зафатија Германија и Европа пред крајот на студената војна“, пишува Вонг во писмото до Меркел.

„Германија би требало да биде внимателна во своите односи со Кина, бидејќи Кина не се придржува до меѓународното право и повеќе пати ги прекрши своите ветувања“, се додава во писмото чии потписници покрај Вонг се и уметници од Хонгконг кои живеат во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот