Меркел повика ситуацијата околу Иран да се реши на мирен начин

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека официјален Берлин сериозно ги сфаќа новите информации кои САД ги објавија за наводната одговорност на Иран за нападот врз нафтените танкери во Персискиот Залив.

– Има многу докази, но тоа нема да ме спречи да кажам дека мораме да направиме се што е можно за да ја решиме конфликтната ситуација со Иран на мирен начин, изјави Меркел.

Таа додаде дека Германија е во контакт со САД, но и дека официјален Берлин ќе нарави се што може за да не дојде до ескалација.

Меркел истакна дека Германија сака да го почитува Нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и оти ќе биде последица ако тој не се испочитува.

САД го обвинија Иран дека стојат зад минатонеделните напади врз нафтени танкери во Персискиот Залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот