Меркел: Потребно е да се најде мирно решение за ситуацијата во Хонгконг

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Потребно е да се најде мирно решение за ситуацијата во Хонгконг, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Таа додаде дека трговската војна меѓу Кина и САД влијае врз целиот свет и изрази надеж дека наскоро ќе се реши.

– Се надеваме дека ќе има решение во трговскиот спор со САД затоа што тој влијае врз целиот свет – му рекла Меркел на кинескиот премиер на почетокот од дводневната посета на Кина.

Канцеларката додаде дека Германија е отворена за кинески инвестиции и ги повика сите кинески компании да инвестираат во нејзината земја.

Таа сепак нагласи дека Германија спроведува проверки на инвестициите во одредени стратешки сектори и клучната инфраструктура.

На заедничката прес-конференција во Пекинг со Меркел, Ли рече дека Кина сака да ги спречи немирите во Хонгконг, каде веќе неколку недели се одржуваат протести.

Ли додаде дека Кина се надева оти Германија ќе прифати уште кинески компании и ќе ги ублажи правилата за извоз на одредени стоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот