Меркел: Постои шанса да дојде до излегување на Британија од ЕУ со договор

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека и понатаму постои шанса да дојде до излегување на Велика Британија од ЕУ со договор, иако Берлин се подготвува и за Брегзит без договор.

– Германската влада ќе направи се за да дојде до Брегзит со договор до последниот ден. Останува фактот дека по повлекувањето на Британија имаме економски конкурент на нашите врати, дури и ако сакаме да одржуваме блиска економска, надворешна и безбедносна соработка и пријателски односи – изјави Меркел пред пратениците во Бундестагот.

Како што рече, иако ЕУ ќе биде ослабена со излегувањето на Британија, тоа е момент за да се развие нова сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот