Меркел: После оваа криза, картите сигурно повторно ќе бидат измешани

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот.

– Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте.

Таа синоќа истакна дека „светот не спие”.

– После оваа криза, картите сигурно повторно ќе бидат измешани, подвлече Меркел.

Таа истакна дека ќе се види кој навистина може да ја гарантира благосостојбата на луѓето во нивните земји.

– Не станува збор само за поголема конкурентност и економија ориентирана кон иднината. Голема улога мора да имаат и заштитата на климата, во што Холандија оди по многу ангажиран пат, рече Меркел.

Руте рече дека пандемијата на коронавирусот нанела голема штета и оти сега е важно заедно да се надмине „ударот” што го прими Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот