Меркел подготвена за контролиран прифат на бегалците од Авганистан

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на особено ранливите авганистански бегалци”, кои бегаат од талибанскиот режим и призна дека има тешкотии европските партнери да постигнат договор за ова прашање.

Германската канцеларка, чија земја во 2015/16 година прими повеќе од милион баратели на азил, сепак, наведе дека прво треба да се бараат регионални решенија со цел тие бегалци да бидат примени во земјите во близина на Авганистан.

-Во втората фаза, можеме да размислиме дали луѓето кои се особено ранливи треба да дојдат во Европа, на контролиран начин и со поддршка, рече таа на прес -конференција.

Меркел, која зборуваше по состанокот со нејзината естонска колешка Каја Калас, рече дека има намера да разговара за ова прашање со Високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди.

Откако талибанците во неделата ја презедоа власта, илјадници Авганистанци побрзаа на аеродромот во Кабул за да се обидат да ја напуштат земјата, што доведе до сцени на хаос што го вознемирија светот.

Меѓутоа, прашањето за прифаќање мигранти останува многу деликатно во ЕУ, особено во Германија, каде што политиката на прифаќање мигранти во 2015 година ја дестабилизираше Ангела Меркел и нејзината конзервативна партија и предизвика зајакнување на крајнодесничарската антимуслиманска партија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот