Меркел поддржува заострување на рестриктивните мерки во Германија

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Канцеларката Ангела Меркел поддржува заострување на рестриктивните анти-ковид мерки во Германија на кус рок за да се запре растечкиот број на случаи, соопшти нејзиниот портпарол Улрике Демер.

Меркел ги поддржува повиците за „кратка национална блокада”, рече Демер, истакнувајќи дека здравствениот систем на земјата е под зголемен притисок.

Збирот на правила во 16-те германски држави „во моментов не придонесува за безбедноста и е неприфатлив”, изјави Демер пред новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот