Меркел побарала средба со Вучиќ во Њујорк

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел побарала во Њујорк следната недела да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Блиц.рс.

Меркел кон крајот на минатата недела упатила покана до српскиот претседател да разговараат за време на претстојот во САД на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Канцеларката Меркел побарала билатерална средба со претседателот Вучиќ во Њујорк. Таа таму оди на ден и пол и побара состанок со него“, открива извор за „Блиц“.

До состанок меѓу Вучиќ и Меркел доаѓа откако за прв пат во официјална посета ја прими премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

„Секако најзначајна тема ќе биде перспективата на дијалогот меѓу Белград и Приштина по вакумот откако е распуштена косовската влада“, открива изворот.

Овој состанок можеби претставува одговор на прашањето зошто премиерката Брнабиќ и канцеларката Меркел пред два дена две третини од состанокот го посветиле на економски теми, а онаа политичката, клучната што се однесува на Косово била споредна.

Меркел по средбата со Брнабиќ рекла дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не е можен затоа што таксите претставуваат голема пречка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот