Меркел по самитот на Г-7: Богатите земји треба да обезбедат вакцини за посиромашните

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Германија и другите богати земји треба покрај парична помош, да донираат и дел од своите залихи на вакцини за сиромашните земји, бидејќи пандемијата можеме да ја завршиме само ако ги вакцинираме сите луѓе на Земјата, порача денеска германската канцеларка Ангела Меркел после самитот на Г-7.

Таа додаде дека не се разговарало колку проценти од државните залихи треба да се донираат.

„Нагласив дека пандемијата нема да биде завршена додека не се вакцинираат сите граѓани на светот“, рекла канцеларката Меркел, пренесува Ројтерс.

Таа укажала дека новиот претседател на САД, Џо Бајден веќе ја зајакнал меѓународната соработка и мултилатерализмот, а коментирајќи ги дипломатските активности по повод оживување на иранскиот нуклеарен договор најавила дека ќе проба да пружи поддршка на преговорите.

„Мораме пред се да се погрижиме да не влеземе во проблем околу тоа кој би требало да го направи првиот чекор“, предупредила Меркел.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот