Меркел по проблемите со здравјето: Можам нормално да ја извршувам својата должност

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и изрази надеж дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.

– Можам нормално да ја извршувам оваа должност, имам силен личен интерес да го зачувам здравјето, и како што е реков и претходно, 2021 е заклучок на мојата политичка работа – изјави таа на прес конференција.

– Меѓутоа се надевам, дека после (политиката) ќе биде друг живот – додаде таа со насмевка.

На прашањето како се чувствува, Меркел одговори дека се чувствува добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот