Меркел: Овој викенд е пресуден

Германската канцеларка Ангела Меркел ги бележи првите успеси во борбата против корона вирусот и причините за „внимателна надеж“, објави „Дојче веле“.

Ангела Меркел и членовите од нејзиниот кабинет едногласно ги повикаа Германците и понатаму да бидат претпазливи и дисциплинирани.

– Доколку граѓаните и понатаму бидат дисциплинирани, владата на Германија планира благо намалување на строгите рестрикции по велигденските празници. Однесувањето на граѓаните за време на овој викенд е пресуден фактор, нагласува Меркел.

Канцеларката има намера во среда да разговара со премиерите на сојузните покраини за тоа како би можело да биди ублажено ограничувањето во јавниот и економскиот живот. Можни се мали чекори и тоа многу внимателно, вели таа. Многу е важно да се направи проценка врз основа на која ќе се разгледуваат следните чекори. Сепак таа дава до знаење дека нема да има брзо ублажување на рестрикциите.

Според Министерството за здравство Германија во моментов има 50 илјади излечени пациенти од вкупно 110 илјади заразени. Министерот за здравство Јенс Шпан напоменува дека не смее да се загрозат овие први успеси.

Во моментов во болниците во Германија се лекуваат околу 3.000 пациенти.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот