Меркел од Лукашенко побара да дозволи помош од ОН и Еврокомисијата за мигрантите на границата

Ангела Меркел и Александар Лукашенко
Ангела Меркел и Александар Лукашенко / Фото: EPA/TATYANA ZENKOVICH

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно разговарала со белорускиот претседател Александар Лукашенко, и од него побарала да дозволи помош од Обединетите нации и Европската комисија за мигрантите на границата со Полска.

– Канцеларката Меркел повторно разговараше со Лукашенко. Таа ја истакна потребата од хуманитарна помош и инфраструктура за репатријација на погодените луѓе, со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, Меѓународната организација за миграција и Европската комисија, напиша на Твитер нејзиниот портпарол, Штефен Зајберт.

Ниту во изјавата по последниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери, Зајберт не се реферираше на Лукашенко како на претседател на Белорусија. Германија и западните земји не ја признаваат неговата победа на изборите во август минатата година, за кои опозицијата тврди дека биле украдени, што предизвика повеќемесечни протести кои беа насилно задушени.

Белорусија соопшти дека лидерите „постигнале разбирање“ во разговорите.

– Со деталниот разговор за бегалското прашање, двете страни постигнаа одредено разбирање за понатамошна акција во решавањето на постоечките прашања, рече Лукашенко, пренесува белоруската новинска агенција Белта.

Лукашенко и Меркел, исто така, се согласија дека претставниците на Европската унија ќе разговараат со нивните белоруски колеги што е можно поскоро.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот