Меркел: Неопходен е прекин на огнот во Либија

Според изјавата на портпаролот на германската Влада, канцеларката потенцирала дека „не може да има воено решение” за конфликтот и дека, од таа причина, неопходно е да се дојде до прекин на огнот и напредок во политичкиот процес.

Германската канцеларка Ангела Меркел имаше средба со командантот на Либиската народна армија, генерал Калиф Хафтар, со кого разговараше за конфликтот во Либија, соопшти германската Влада.

Според изјавата на портпаролот на германската Влада, канцеларката потенцирала дека „не може да има воено решение” за конфликтот и дека, од таа причина, неопходно е да се дојде до прекин на огнот и напредок во политичкиот процес.

Командантот на бунтовничките сили на истокот на Либија вчера му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе потпише примирје, до кое ќе се придржува доколку биде почитувано и од војската на меѓународно призната влада во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот