18.5 C
Скопје

Меркел нема да се меша во изборот на својот наследник

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повтори дека нема да се меша во изборот на нејзин наследник на чело на Христијанско демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.

– Реков дека нема да се мешам во тоа кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар – рече Меркел.

Крамп Каренбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар