Меркел не се согласува со прогнозата на Макрон за НАТО

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел го отфрли мислењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт” и посочи дека такви коментари не се потребни.

На средбата со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, Меркел истакна дека Макрон „користи драстични зборови”, дополнувајќи дека тоа не е и нејзино мислење за соработката во НАТО.

– Не мислам дека вакви оценки се неопходни, па дури и ако имаме проблеми, треба да сме сплотени- потенцираше германската канцеларка.

Од својата страна, Столтенберг потенцираше дека Алијансата е силна, укажувајќи дека САД и Европа „соработуваат повеќе отколку во изминатите декади”.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист” тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт”, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД , односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот