Меркел: Нападот на Советскиот Сојуз претставува срам за Германците

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека денот кога нацистичка Германија го нападнала Советскиот Сојуз во 1941 година за Германците е причина да се срамат.

Пред годишнината од почетокот на инвазијата на нацистичка Германија на СССР, 22 јуни, Меркел изрази благодарност на народите на бившиот Советски Сојуз што пружија рака на помирување на нејзианта земја, пренесе Дојче веле.

„За нас Германците, овој ден е причина за срам. Го должиме тоа на милионите жртви и нивните наследници“, рекла Меркел.

Меркел во истата видео порака ја критикуваше репресијата над опозиционерите и граѓанскиот сектор во Русија и Белорусија.

Таа наведе дека репресијата е болна и додаде дека „активностите на припадниците на граѓанскиот сектор во Русија, но и во Белорусија, од неодамна се ограничени, па дури и оневозможени“.

„Кога се затвораат мирните демонстранти и припадници на опозицијата, тоа претставува големи тензии за нашите односи“, рекла Меркел.

Меркел додаде дека за Берлин ситуацијата е неприфатлива после руското припојување на Крим и поддршката на сепаратистите во источна Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот