Меркел најави нови мерки бројот на новозаразени продолжи да расте

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави нови рестриктивни мерки доколку бројот на новозаразени со Ковид-19, што е во пораст, не се стабилизира за десет дена.

– Престојните денови и недели ќе одлучат за ставот на Германија во однос на пандемијата оваа зима, истакна Меркел.

Таа на прес-конференција повтори дека е важно да се носат маски, да се почитува физичката дистанца и да се проветруваат просториите.

Меркел денеска преку видео конференција разговараше и со градоначалниците на 11 најголеми германски градови како да го забават ширењето на новиот коронавирус.

Германскиот Центар за контрола на болестите денеска соопшти дека во изминатите 24 часа пријавени се 4.516 новозаболени луѓе.

Поради раст на бројот на инфицирани лица во големите германски градови, како што се Берлин и Франкфурт воведен е полициски час за угостителските објекти и рестрикција на социјалните контакти.

Во Германија досега 314.660 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои починале 9.589 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот