Меркел најави натамошно ублажување на мерките: Се отвораат културни и верски објекти

Луѓе одржуваат дистанца додека чекаат ред за влез во продавница на плоштадот Александерплац во Берлин / Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

„Ако кривата тргне нагоре мора да бидеме во состојба брзо да реагираме и да ги заостриме мерките“, предупреди Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави натамошно укинување на ограничувањата воведни поради епидемијата од коронавирус, кои вклучуваат отворање на детски игралишта, културни и верски објекти.

„Се договориме дека смеат да се отворат игралиштата, зоолошките и ботаничките градини. Но конечната одлука останува на сојузните покраини“, рече Меркел по телеконференцијата на владата и премиерите на сојузните покраини.

Истото се однесува и за верските собири, па миси повторно можат да се служат со задолжително придржување кон правилата за растојание и хигиена.

„Ако кривата тргне нагоре, ќе ги заостриме мерките“.

Меркел најави дека надлежните министри по состанокот следната недела ќе работат на концептите како постапно да се отворат угостителските објекти, но тоа ќе зависи од развојот на епидемијата.

Се додека не се пронајде вакцина цел останува намалувањето на бројот на новозаразени до степен  кој не ја загрозува делотворноста на здравствениот систем.

„Тоа нам досега ни успеа. Но ако кривата тргне нагоре мора да бидеме во состојба брзо да реагираме и да ги заостриме мерките“, предупреди Меркел.

Меркел денеска изјави дека е потребен систем за предупредување во случај повторно да почне да расте бројот на заразени со новиот коронавирус.

Меркел рече дека во интерес на граѓаните е да постои една стратегија за цела Германија и заеднички цели.

– Целта е да се забави ширењето на вирусот и ние успеавме да направиме многу во последните неколку недели, истакна таа.

Заблагодарувајќи им се особено на сите што работат на концептот за рестартирање на животот во земјата, таа рече дека тој работен концепт, покрај правилата за растојание и хигиената, содржи упатства за тоа како да се живее со пандемија.

– Останува задача на политиката да одлучи кога ќе се рестартираат животот и стопанството. Тука не постои автоматизам. Треба да се биде внимателен и да се има преглед на целата ситуација. Треба да работиме понатаму за да го намалиме бројот на инфекции, рече Меркел.

На прашањето за летни одмори, Меркел рече дека денес не може толку далеку да се гледа.

– Одењето на годишен одмор во други европски земји се уште не е на дневен ред за Германците, истакна таа.

Со оглед на тоа што во некои европски држави ситуацијата е полоша отколку во Германија, Меркел рече дека се уште не е можно да се продолжи со туризмот.

На денешниот состанок била разгледана и ситуацијата после првите олеснувања на мерките, односно делумното отворање на продавниците.

Владата и премиерите на сојузните покраини за можно ново попуштање на мерките ќе разговараат на 5. мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот