Меркел: На следниот самит ќе се навратиме на Северна Македонија

Фото: Профимедиа

Не успеавме да постигнеме консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ќе се навратиме пак на самитот во Загреб, рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел.

Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.

-Кога разговаравме за отворањето преговори, за жал, не можевме да постигнеме договор околу Албанија и Северна Македонија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да ги започне разговорите ако се исполнат одредени услови, но не постигнавме едногласност- рече Меркел.

Ставот на Германија беше дека треба да почнат преговори, но немаше консензус и не донесовме заклучок, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот