Меркел на крајот од месецов во посета на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел / EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини”, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал тет-а-тет средба со Меркел и ѝ упатил покана, која германската канцеларка ја прифатила.

Весникот пишуваше дека посетата има и симболичен карактер бидејќи „мандатот на Меркел, на некој начин „беше во чекор” со грчката криза, бидејќи соработуваше со Караманлис, Папандреу, Пападимос, Пикраменос, Самарас и Ципрас, кои еден по друг ја напуштија власта”.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во понеделникот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека кога ќе постои нешто конкретно околу посетата на Меркел, ќе биде соопштено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот