Меркел на 15 јули ќе има средба со Бајден во Вашингтон

Фото: EPA/MAURIZIO GAMBARINI

Германската канцеларка Ангела Меркел на 15 јули ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон за да ги потврди длабоките билатерални односи меѓу двете земји, објави во петокот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Лидерите ќе разговараат за нивната посветеност за тесна соработка за различни заеднички предизвици, вклучително и ставање крај на пандемијата со ковид-19, решавање на климатските промени и промовирање на економски напредок и меѓународна безбедност, засновани врз нашите заеднички демократски вредности, истакна Псаки на маргините на првиот ден од Самитот на Г-7 во Англија.

Германија и САД имаат имаат долга традиција на блиски односи, но за време на мандатот на Доналд Трамп односите помеѓу Берлин и Вашингтон беа заладени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот