Меркел: Кој ја сака слободата се грижи за слободните медиуми

Таа ги отфрли критиките дека медиумите во моментов не го претставуваат целиот спектар на мислења.

Кој ја сака слободата се грижи за слободните медиуми, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, по повод 75-годишнината од првиот повоен весник во земјата.

Во денешната видео-порака Меркел истакна дека на демократијата „и треба јавноста”.

– Демократијата има потреба од простор каде можеме да зборуваме за законите, но и за нашите вредности. Демократијата има потреба од јавноста во која може да се дискутира и да се изразат различни мислења – подвлече таа, додавајќи дека врз основа на таа дискусија може да се развијат заеднички решенија.

Тоа, меѓутоа, потенцира таа, бара толеранција кон мислењата на другите и тоа бара прифаќање на критиките.

Меркел истакна дека ова е особено потребно сега, кога граѓаните се соочуваат со пандемија на коронавирусот и кога се водат дискусии за политичките и социјалните последици.

Таа ги отфрли критиките дека медиумите во моментов не го претставуваат целиот спектар на мислења.

– Не го гледам така, туку напротив. Секој ден учиме, од науката пред се и не снабдуваат со нови знаења. Апсолутно е важно тоа да го разбереме и што е можно повеќе луѓе да дознаат за тоа. За тоа се грижи понудата на медиуми , како јавниот сервис, така и приватните, аналогните, како и дигиталните медиуми – додаде Меркел.

Таа рече дека новинарите мора да можат критички да ја анализираат владата и сите политички чинители, затоа што на демократијата им се потребни факти и информации, но лагите мора да се разликуваат од вистината.

-Мора да биде можно од различни перспективи да се види реалноста и од тоа да се извлечат соодветни заклучоци, објасни Меркел.

Според неа, слободата на медиумите е мерка за состојбата во општеството.

-Затоа е загрижувачко кога се напаѓаат новинари во нашето демократско општество, рече таа.

Меркел рече дека е горда и благодарна што во Германија имало повеќе од седум децении слобода на медиуми и побара да се води грижа секој ден за да се обезбеди новинарите да имаат можност да работат слободно, дека нивната работа е ценета и поддржана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот