Меркел: Ќе се заложам целосно за Северна Македонија

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Македонија.

– Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова – изјави Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот